Магазин 01. јануари 2021. / 23:14

Манчестер Јунајтед се искачи на врвот на табелата – го дели првото место со Ливерпул

Манчестер Јунајтед се искачи на врвот на табелата – го дели првото место со Ливерпул

Манчестер јунајтед ја победи Астон Вила со 2-1 во рамки нa 17.коло во Премиерлигата и сега го дели врвот на табелата со шампионот Ливерпул.

Ентони Марсијал го отвори резултатот во 40-тата минута од натпреварот по асистенција на Арон Ван-Бисака. Бертранд Траоре погоди за 1-1 за Астон Вила во 58-та минута, откако одбраната на Јунајтед заспа по прзо изведен прекршок.

Само три минути подоцна, „ѓаволите“ добија пенал откако фаулиран беше Пол Погба. Бруно Фернандеш беше сигурен егзекутор на најстрогата казна.

Јунајтед сега има 33 бода, колку што има и Ливерпул на врвот на табелата.