Магазин 23. јануари 2020. / 21:50

Македонските судии, Начевски и Николов, ќе го судат финалето на ЕП во ракомет

Македонските судии, Начевски и Николов, ќе го судат финалето на ЕП во ракомет

Како една од најдобрите судиски двојки во Европа, искусите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се одбрани од страна на ЕХФ да го судат финалето на ракометното Европското првенство (ЕП).

Најдобрите македонски судии досега имаат судено едно финале, на Светското првенство за младинци, а ова ќе им биде прво финале во сениорска конкуренција.

Финалето на овогодинешното ЕП е закажано за оваа недела од 16.30 часот.