Магазин 07. ноември 2020. / 21:11

Македонските ракометари забележаа триумф на гостувањето во Швајцарија

Македонските ракометари забележаа триумф на гостувањето во Швајцарија

Нашата репрезентација попладнево забележа триумф над домаќинот Швајцарија од 25-23 и со тоа си го олесни патот за Еврошампионатот кој ќе се одржи во 2022 година.

Одличната игра во одбрана на нашиот национален тим беше клучна за успехот на денешниот меч.

По израмнетото прво полувреме во ист ритам двете селекции продолжија и во вториот дел. Швајцарците во еден момент направија и предност од 3 голови но потоа следуваше наша серија од 4-0 во голови со што го најавивме конечниот триумф на деншниот натпревар.

Нашиот капитен Кире Лазаров повторно беше прв стрелец во редовите на црвено жолтите со шест погодоци, пет постигна Стоилов, а по четири постигнаа Георгиевски и Кузмановски. Вреди да се напомене и играта на младиот Мишевски кој го постигна својот деби погодок на крајот од натпреварот.

Со оваа победа Македонија направи голм исчекор кон пласманот на ЕП во 2022.