Магазин 23. септември 2020. / 19:36

Македонскиот краток филм „Налепница“ влегува во трката за номинација за Оскар

Македонскиот краток филм „Налепница“ влегува во трката за номинација за Оскар

Филмот на Георги Унковски „Налепница” е избран за најдобар краток филм на 18. издание на Меѓународниот фестивал за краток филм „Ин д палас“.

Софискиот „Ин д палас“ е меѓународен фестивал за краток филм кој што е еден од официјалните светски фестивали кои ги квалификуваат победниците за натамошна можност за номинација за Оскар.