Фолк пејачот Спасен Силјаноски од Кичево е позитивен на Ковид-19.
Веста ја потврди на социјалните мрежи и вели дека нема симптоми.
Не е грев да се добие Ковид-19, бидејќи не знаеме кој го носи, но грев е да се прикрие доколку се има и да се заразат твоите блиски роднини и пријатели. Затоа, поради моја морална и етичка одговорност ви го соопштувам ова – информира пејачот на фејсбук.