Македонската ракометна репрезентација ја оствари и втората победа во пријателските пресметки со Чиле. Нашите момци славеа со 28-24 (16-12) без капитенот Кирил Лазаров во составот.
На оваа средба одигравме со тројца голмани: Митревски, Томовски и Даниловски поделија по 20. минути. Прв застана Митревски, кој ја имаше улогата на капитен на оваа средба.
Избраниците на Данило Брестовац доминираа во голем дел од второто полувреме. Чиле беше нешто рамноправен противник до 14. минута (7-7), по која со серија од 5-1 поведовме со 12-8 (две важни одбрани имаше Митревски). Продолживме во добар ритам, со погодокот на Кузмановски, Македонија дојде до водство од 15-9. На одморот беше 16-12.
Лошо го отворивме второто полувреме, Чиле тргна со „7-6“, одбраната не функционираше, а во нападот немавме реализација. Па противникот дојде на 19-18 со серија од 3-0. Поповски од седум метри не врати на плус два (20-18), а во меѓувреме на голот застана Томовски.
Македонија одржуваше предност од два до три гола предност до средината на вториот период, со серија од 4-0 одново се искачивме на највисоки плуст шест (27-21) на осум минути до крајот. До крајот беше чиста формалност.