Магазин 28. јуни 2019. / 19:37

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за претстојното Европско првенство

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за претстојното Европско првенство

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за претстојното Европско првенство (ЕП) кое во 2020 година ќе се игра во Австрија, Норвешка и Шведска.

Ждрепката во Виена посака нашиот национален тим на шестиот континентален собир да се најде во групата „Б“, заедно со репрезентациите на Чешка, Австрија и Украина. Дуелите ќе се играат во градот Виена, а за ривал се има еден од домаќините на ЕП.

ГРУПИ ЗА ЕП 2020

ГРУПА А (Грац): Хрватска, Белорусија, Црна Гора, Србија
ГРУПА Б (Виена): Чешка. Македонија, Австрија, Украина
ГРУПА Ц (Трондхајм): Шпанија, Германија, Летонија, Холандија
ГРУПА Д (Трондхајм): Франција, Норвешка, Португалија, БиХ
ГРУПА Е (Малме): Данска, Унгарија, Исланд, Русија
ГРУПА Ф (Готенбург): Шведска, Словенија, Швајцарија, Полска

Европското првенство во ракомет на кое учество за првпат ќе земат 24 репрезентации започнува на 9 јануари и ќе се игра до 26 јануари. Титулата од последното Европско првенств ја брани селекцијата на Шпанија.