Магазин 05. декември 2019. / 22:52

Македонскaтa одбојкарска репрезентација ќе игра во Златната европска лига

Македонскaтa одбојкарска репрезентација ќе игра во Златната европска лига

Македонската машка одбојкарска репрезентација во 2020 година за првпат ќе учествува во Златната европска лига.

Откако ја почувствуваа сласта од настап на европско првенство, избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ сега ќе играат во Златната лига којашто досега беше недостижна и тоа за малку, затоа што трипати беа финалисти во европската лига. Квалификациите за следното ЕП почнуваат во август.

Златната лига ќе се игра во мај и јуни. Македонската селекција ќе одигра најмалку шест натпревари со силни противници. Потенцијални ривали ни се Белгија, Холандија, Чешка, Турција, Украина, Словачка, Шпанија, Естонија, Португалија, Белорусија и Романија.