Магазин 24. ноември 2020. / 13:54

Македонската кошаркарска репрезентација со негативни тестови од Ковид-19 стартува на турнирот во Естонија

Македонската кошаркарска репрезентација со негативни тестови од Ковид-19 стартува на турнирот во Естонија

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа пристигна во Талин, Естонија. Нашата најдобра кошаркарска репрезентација веќе од денеска ќе може комплетно да се фокусира на мечевите кои следуваат во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Утрово беа направени тестови за Коронавирус и сите членови на нашата репрезентација се негативни, што значи дека селекторот Александар Тодоров нема никакви здравствени проблеми и сите 12 кошаркари ќе му бидат на располагање.

Нашата селекција денеска од 17:15 часот ќе го има првиот тренинг во салата „Саку Сурхал“, каде од 28 до 30 ноември ќе се играат мечевите од Г групата за пласман на ЕП 2022.

Македонија на 28 овој месец прво ќе игра против Италија, а два дена подоцна следи меч и против домаќинот Естонија. Најмладиот репрезентативец во нашиот состав, Лука Савиќевиќ, верува дека ќе ја искотисти шансата дадена од селекторот Тодоров.

Малку „олеснителни околности“ за македонската сениорска репрезентација во „балонот“ во главниот град на Естонија. Со најновата одлука односно мерки потив коронавирусот, на естонските власти, ограничен пристап ќе има на оние места од затворен тип, како што се на пример, салите.

Согласно со тоа, ограничен ќе биде и бројот на посетители за време на претстојниот квалификациски турнир. И тоа на бројката од 250 навивачи, многу извесно, на естонската кошаркарска репрезентација.