Магазин 10. декември 2020. / 17:58

Македонската фудбалска репрезентација три места погоре од претходниот ранкинг на ФИФА, Белгија прва

Македонската фудбалска репрезентација три места погоре од претходниот ранкинг на ФИФА, Белгија прва

Македонската фудбалска репрезентација ја заврши 2020 година на 65. место на ранг-листата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски годината во која забележаа историски прв пласман на едно европско првенство, ја завршуваат три места погоре на ФИФА ранг-ранг-листата во споредба со 2019 година.

На чело на ФИФА ранкингот трета година по ред е Белгија, Франција остана на второто, а Бразил на третото место.

Најголем напредок во 2020 забележа Унгарија, која се искачи за 28 позиции, и е рангирана како 12 репрезентација во светот.

Следната ранг-листа на ФИФА ќе биде објавена на 18 февруари 2021 година.