Магазин 02. февруари 2019. / 09:33

Македонија пат: Сообраќајот низ земјата по влажни коловози

Македонија пат: Сообраќајот низ земјата по влажни коловози

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места и по остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби, соопшти ЈП „Македонија пат“.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и засеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на патот и посочуваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите правци проодни.