Магазин 22. февруари 2020. / 19:16

„Македонија пат“ предупредува: Можна е појава на одрони

„Македонија пат“ предупредува: Можна е појава на одрони

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница www.makedonijapat.com.mk