Магазин 29. јули 2020. / 10:13

Македонија нема да учествува на Детскиот избор за песна на Евровизија

Македонија нема да учествува на Детскиот избор за песна на Евровизија
Македонија нема да учествува на Детскиот избор за песна на Евровизија кој ќе се одржи на 29-ти ноември во Варшава, Полска. На Твитер профилот на МРТ вчера ја објавија одлуката, без да се прецизира која е причината поради откажувањето на учеството на Детски Евросонг 2020, но претпоставка е дека откажувањето доаѓа поради состојбата со корона вирусот.
Со жалење Ве известуваме дека Македонија нема да учествува на Детскиот избор за песна на Евровизија 2020 година. Се надеваме дека состојбите ќе се променат на подобро за изданието во 2021 година. На сите кои можат да учествуваат им посакуваме забавни моменти и да го движат светот- порачаа од МРТ.
 Детскиoт Евросонг исто така се одржа во Полска, која го освои првото место. Нашата земја ја претставуваше Мила Москов со песната ,,Оган” и го освои шестото место. Таа за време на пробите го повреди десното колено, по што ногата и беше имобилизирана со лонгета, а целата кореографија на настапот беше сменета и прилагодена според новата состојба.