ЕХВ дефинитивно нема да ја покани македонската репрезентација на следното Светско првенство. Иако нашите ракометари се надеваа, тоа нема да се случи.
Покана за учество на следното СП доби репрезентацијата на Чиле, која всушност е и последниот патник во големото друштво.
Ракометниот Мундијал сепак ќе го гледаме на ТВ и нема да бидеме дел од тоа големо случување.
Чиле важи за една од најквалитетните ракометни репрезентации во Јужна Америка и беше еден од главните фаворити за освојувањето на трофејот на турнирот „Последна шанса“ во Средна и Јужна Америка, но тој не се одржа поради пандемијата Ковид19.
Како последна надеж за нашата репрезентација за присуство на СП идната година е само доколку се откаже некоја од репрезентациите.