Магазин 18. ноември 2020. / 20:48

Македонија изгуби од Ерменија, не успеа да се пласира во Б девизијата

Македонија изгуби од Ерменија, не успеа да се пласира во Б девизијата

Македонската фудбалска репрезентација е поразена од Ерменија со 1:0 во последното коло од втората група Ц дивизија во Лигата на Нации.

Дуелот се одигра во Никозија на Кипар поради воената состојба во Ерменија, а го реши поранешниот вардарец, Ховханес Хамбарџумјан со голот во 55. минута.

На другиот меч од 6.коло во оваа група Грузија и Естонија одиграа нерешено 0:0.

Ерменците го освоија првото место во групата со 11 бода и изборија пласман во Б-дивизијата. Македонците се втори со 9 бода, Грузијците се трети со 7, Естонците последни со 3 бода.