Магазин 17. јуни 2019. / 15:28

Македонија е во вториот шешир за ЕП 2020!

Македонија е во вториот шешир за ЕП 2020!

Македонската ракометна репрезентација на ждрепката за Европското првенство (ЕП) во 2020 година ќе биде сместена во вториот шешир, а идеално би било нашиот национален тим да игра во групите кои ќе се играат во Австрија.

Првото место донесе и шешир погоре за нашиот национален тим, па „црвено-жолтите“ од вториот сад, каде се уште и Норвешка, Данска, Словенија, Чешка и Русија. Идеално би било Македонија да игра во групата „А“ или групата „Б“, кои ќе се одржуваат во Австрија. Останатите четири групи ќе се играат во Норвешка и Шведска.

Првата е во Грац, а втората е во Виена. Австрија би одговарала пред се затоа што е најблиску и воедно има многу нашинци кои живеат таму, па ќе може да ги поддржат ракометарите. Во групата „А“, Македонија сигурно би играла со Хрватска, додека во групата „Б“ е сместен домаќинот Австрија. Во групите „Ц“, „Д“, „Е“ и „Ф“ загарантирано место имаат Германија, Норвешка, Данска и Шведска.

РАСПОРЕД НА ШЕШИРИ

ШЕШИР 1: Шпанија, Германија, Унгарија, Франција, Хрватска, Шведска
ШЕШИР 2: Словенија, Македонија, Чешка, Русија, Норвешка, Данска
ШЕШИР 3: Португалија, Белорусија, Исланд, Летонија, Црна Гора, Австрија
ШЕШИР 4: Швајцарија, Полска, БиХ, Холандија, Србија, Украина

РАСПОРЕД НА ГРУПИ

ГРУПА А (Грац): Хрватска
ГРУПА Б (Виена): Австрија
ГРУПА Ц (Трондхајм): Германија
ГРУПА Д (Трондхајм): Норвешка
ГРУПА Е (Малме): Данска
ГРУПА Ф (Готенбург): Шведска

Втората фаза од групите ќе продолжи во Виена и Малме, додека завршницата на ЕП 2020 е во Стокхолм. Ждрепката ќе се одржи на 28 јуни во Виена со почеток од 18:45 часот.