Магазин 12. декември 2019. / 10:52

Македонецот Секулов постигна гол за Јувентус во младинската лига на УЕФА

Македонецот Секулов постигна гол за Јувентус во младинската лига на УЕФА

Тимот на Јувентус до 19 години учествува на младинската лига на УЕФА, а во екипата на „старата дама“ игра и Никола Секулов, по потекло од Струмица, кој е роден и живее во Италија.

Младиот струмичанец ја имаше довербата на тренерот и го одигра целиот натпревар. Младинците на Јувентус успешно ја држеа играта во свои раце и го срамнија тимот на Бајер Леверкузен со огромна победа од 0-5.

Во голот на германскиот клуб во 67-ма минута успешно стрелаше и Никола Секулов, кој по одлична лична акција, го потврди водството на бјанконерите со 0-4.