Македонците возат се постари возила, покажуваат последните статистички податоци, објави 24 Ауто. Така, просечната старост на автомобилите во Македонија во 2019 била 19,3 години што е влошување во поглед на 2018 година кога просечната старост изнесувала 19,1 година.
Трендот на зголемување на стартоста започна во 2007 година кога просечната старост изнесувала 15,4 години. Оттогаш, па заклучно минатата година се бележи зголемување на староста. Така денес, во споредба со 2007 година на улиците во Македонија се возат во просек за 3,4 години постари автомобили.
Во поглед на староста на автобусите, минатата година во споредба со 2018 година се возеле понови автомобуси и тоа за 2,3 години. Истото се однесува и за товарните возила чија старост се намалила од 16,5 на 16,4 години.