Магазин 03. март 2020. / 12:53

Мајката на Роналдо претрпела мозочен удар

Мајката на Роналдо претрпела мозочен удар

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро рано утрово доживеа мозочен удар и била пренесена во болницата на нејзиниот роден остров Мадеира во Португалија.

Според извештаите на медиумите во Португалија, таа претрпела мозочен удар, предизвикан од згрутчување на крвта што блокира или приклучува крвен сад во мозокот.

Долорес Авеиро била хоспитализирана во 5 часот утрово по што била подложена на тестови во следните неколку часа за да се утврди состојбата со нејзиното зравје.

Португалските медиуми пренесуваат дека дека Авеиро е „свесна и стабилна“.

На почетокот на 2019 година Долорес откри дека се бори со рак кој и бил дијагнстициран в0 2007 година.