Македонската фудбалска експедиција која оствари историски успех во Тбилиси, дома треба да се врати во раните утрински часови. Иако беше најавено дека нашите фудбалери ќе слетаат во Скопје, сепак маглата ги спречи.
Поради маглата на скопскиот аеродром, најверојатно авионот нема да слета во Скопје, туку на некој од околните аеродроми, а најблизок е оној во Приштина.
За жал, поради маглата и забраната за групни собирања на јавни места, нема да има голем пречек на аеродром како што заслужуваат, но има и други начини за прослава на пласманот на Европско првенство во фудбал. За сите најнови информации околу враќањето на националниот тим, ќе ве известуваме навреме f- објави СпортМанија.