Магазин 24. август 2020. / 11:32

Луксузен моден бренд лансира маска за лице: Цена „само“ 100 евра

Луксузен моден бренд лансира маска за лице: Цена „само“ 100 евра

Модната куќа „Барбери“ ја започна својата колекција на заштитни маски за лице, кои ќе чинат околу 100 евра. Така  „Барбери“ стана првиот дизајнерски бренд што одлучи да го направи овој чекор.

Иако заштитното лого  на модните брендови како Шанел, Гучи, Луис Витон и други може да се видат на маски за лице на социјалните медиуми, ниту една од овие модни куќи не ја објави својата линија на маски за лице.

Реномираните модни куќи не сакаат да се вклучат во овој вид промоција, имајќи го предвид ризикот од негативна репутација што би можеле да се здобијат, затоа што заработуваат профит од здравствената криза или ја претвораат во гламур, што исто така може да биде погрешно протолкувано.

Маската за лице „Бербери“ чини 100 евра (90 фунти), таа е  повеќеслојна и достапна во препознатлив дизајн на беж, како и во светло сина боја.

Некои помалку познати модни брендови ги лансираа  своите заштитни маски за лице, но цел профит го донирааа во добротворни цели.

Со производство на заштитни маски, модните куќи, исто така, сакаа да и помогнат на тврдата текстилна индустрија, особено малите занаетчиски продавници кои беа целосно без работа.