Новото истражување спроведено од европски научници откри дека луѓето со крвна група А може да бидат поранливи на коронавирусoт.
Според извештајот, две точки во човечкиот геном биле поврзани со зголемен ризик од респираторна слабост кај пациенти со Ковид-19. Германските и норвешки истражувачи беа првите што документираа силна врска помеѓу генетските варијации и коронавирусот.
Истражувачкиот тим зел примероци од крв од 1.610 пациенти на кои им била потребна кислородна поддршка во болниците во Италија и Шпанија. Тие извлекоа ДНК и ги споредија своите наоди со примероците од крв од 2.255 донатори кои не биле заразени со коронавирусот.
Научниците бараа точки во геномот што беа заеднички за невообичаено голем број на тешко болни пациенти. За една од двете точки што ги нашле, се вели дека е одговорна за утврдување на крвната група на едно лице.
Крвната група А за 50 проценти ја зголемува веројатноста пациентот да има потреба од вентилатор. Наодите сугерираат дека други фактори може да играат значајна улога во одредувањето кој развива сериозни и критични симптоми на Ковид-19.
Научници во Кина и во Соединетите држави, исто така, спроведоа посебни студии каде резултатите покажаа дека пациентите со крвна група А се поподложни на коронавирусот.