Магазин 11. септември 2020. / 19:23

Линиската судијка која беше удрена од Ѓоковиќ пие од голема тага

Линиската судијка која беше удрена од Ѓоковиќ пие од голема тага

Излегуваат нови моменти за линискиот судија на УС опен поради кој беше дисквалификуван Новак Ѓоковиќ.

Српските медиуми веднаш открија дека Лаура Кларк е љубител на добрата чашка и дека на многу фотографии може да се најде со алкохол.

Но за тоа имало и добра причина.

Лаура имала животна трагедија. Во 2008 година синот и загинал во сообраќајна несреќа. По ова таа тешко се опоравила и тенисот и бил голема утеха.

Инаку претходно членовите на нејзиното семејство за светските медиуми изјавиле дека таа е личноста која беше ненамерно удрена  со топката во вратот од фаворитот на овој турнир.

Инцидентот се случи пред крајот на првиот сет, каде резултатот беше 6: 5 во корист на 20. носител Пабло Карен Буста.

Кларк по незгодата падна на земјата и се фати за грлото, а откако забележа што се случи тенисерот веднаш се обиде да и помогне.