Магазин 27. јуни 2020. / 21:37

Левандовски прв фудбалер во Бундеслигата кој бил најдобар стрелец во три последователни сезони

Левандовски прв фудбалер во Бундеслигата кој бил најдобар стрелец во три последователни сезони

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е најдобар стрелец во германската Бундеслига којашто заврши денеска. Со овој успех, полскиот фудбалер стана првиот играч во историјата на првенството кој ја освои титулата најдобар стрелец во три последователни сезони.

Левандовски сезоната ја заврши со 34 лигашки погодоци на 31 одигран натпревар. Левандовски беше стрелец и денеска во триумфот над Волзсбург со 4:0.

Претходно, Левандовски беше прогласен и за најдобар играч во Бундеслигата за оваа сезона.

По Левандовски на листата на стрелците се Тимо Вернер од Лајпциг со 28 гола на 34 натпревари и Џејдон Санчо од Борусија Дортминд со 17 гола на 17 натпревари.