Германскиот селектор Јоаким Лев ќе отстапи од должноста по завршувањето на Европското првенство ова лето, соопшти денеска Фудбалската федерација на Германија (ДФБ).
Лев, кој ја презеде германската репрезентација во 2006 година и со која во 2014 година на Мундијалот во Бразил ја освои светската титула, има договор со ДФБ до 2022 година.
-Свесно се одлучив на овој чекор, исполнет со гордост и неизмерно благодарен, и апсолутно мотивиран за претстојното Европско првенство“, изјави 61-годишниот Лев.