Магазин 23. септември 2019. / 12:11

Летото заврши – попладне дожд и засилен ветер

Летото заврши – попладне дожд и засилен ветер

Нестабилно со повремени врнежи од дожд, што на места ќе бидат и над 20 литри на квадратен метар, најавуваат метеоролозите за денеска попладне и утре.

Од УХМР информираат дека денеска попладне и утре под влијание на влажен бран од Медитеранот, времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), проследени со грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.