Поради пандемијата на коронавирусот, организаторите на годинашниот Фестивал на култура во Салцбург применуваат најстроги мерки за превенција, вклучително и забрана за употреба на лепеза за време на претставите.
– Лепезите можат да ги распространат заразните аеросоли кои вообичаено клима – уредите би ги извлекле, а тоа сакаме да го спречиме, објасни оваа одлука директорот на фестивалот, Лукас Крепаз.
Организаторите предупредуваат за забраната за употреба налепези на повеќе јазици преку звучниците пред почетокот на претставите.