Магазин 04. јули 2019. / 18:17

Легендата на Челзи се врати дома, но овој пат како главен тренер

Легендата на Челзи се врати дома, но овој пат како главен тренер

Легендата на Челзи, Френк Лампард, од клубот замина како легенда, а сега се врати да го превземе Челзи на позицијата тренер.

Еден од најдобрите играчи на овој клуб се враќа на „Стенфрод Бриџ“. Лампард со „сините“ потпиша договор на една година.

Горд сум што се враќам во мојот клуб како тренер. Сите знаат колку го сакам Челзи и историјата која ја делиме. Мојот фокус е на сезоната која е пред нас. Тука сум напорно да работам и да донесам успех во иднина. Со нетрпение чекам да започнам со работа – изјави Лампард за официјалната страна на Челзи.

Лампард во Челзи помина 13 години како фудбалер и стана легенда, но и најдобар стрелец во историјата на клубот.