Магазин 08. ноември 2020. / 19:20

Леброн Џејмс со нова провакација кон Доналд Трамп

Леброн Џејмс со нова провакација кон Доналд Трамп

Откако стигнаа резултатите од изборите во САД, Леброн Џејмс продолжи со неговите провокации кон Доналд Трамп. Овој пат објави слика на социјалните мрежи со која го исмева поразот на Трамп.

Доналд Трамп ги загуби претседателските избори во САД, а нов претседател на најмоќната држава во светот ќе биде Џо Бајден. Голем број од најголемите ѕвезди од уметноста и спортот во САД отворено беа против Доналд Трамп, а најгласен меѓу нив беше најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс. Кошаркарот објави фотографија на Инстаграм која зборува повеќе од илјада зборови.

Монтажата на која Бајден, како Леброн, му „лепи банана“ на Трамп, стана вирален хит. Неговата објава предизвика бурни реакции на социјалните мрежи за кратко време, а за една ден собра повеќе од пет милиони лајкови.

Исто така, на самата објава на Леброн Џејмс коментираа и се „потсмеваа“ на Доналд Трамп многу други ѕвезди од Холивуд. Еден од нив беше и американскиот рапер Снуп Дог кој му коментираше на Леброн Џејмс.