Магазин 19. февруари 2021. / 14:40

Лазаров го врати Миркуловски назад во репрезентацијата

Лазаров го врати Миркуловски назад во репрезентацијата

Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на играчи за квалификациските дуели со ракометната репрезентација на Данска, за пласман на Европското првенство наредната година.

Лазаров обајви список од 35 имиња, на него го нема искусниот Борко Ристовски кој не беше дел ниту од составот кој настапи на СП во Египет, а интересно е што се враќа Филип Миркуловски кој слично како Лазаров, ќе има улога на тренер-играч, како и Дејан Манасков кој не играше на СП.

Поширок список на играчи: Голмани: Митревски, Томовски, Кизиќ, Чаневски, Петковски

Крила: Манасков, Маџовски, Кузманоски, Димитриоски, Георгиевски, Костески, Поповски, Јагуриновски

Кружни напаѓачи: Симоноски, Стоилов, Пешевски, Маркоски, Аларов

Бекови: Талевски, Кузмановски, Кукуловски, Ѓорѓовски, Миркуловски, Мишевски, Крстевски, Танкоски, Георгиев, Ивановски, Стојановски, Цветановски, Карапалевски, Велковски, Серафимов, К. Лазаров.

Миркуловски иако е на списокот на играчи, многу веројатно е дека тој со Ангеловски, Јоновски и Црвенковска ќе работи во стручниот штаб.