Варденклиф, единствената преостаната лабораторија на Никола Тесла, што се наоѓа на Лонг Ајленд (САД), е на чекор до нејзино претворање во Музеј Тесла, изјави директорот на лабораторијата, Марк Алеси.
Оџакот од црвена тула, тежок повеќе од два тона, пред 112 години бил дизајниран од архитектот Стенфорд Вајт. Тој периодов беше обновен и реставриран, рече Алеси.
Според него, целта е да се зачува објектот кој пред компанијата АГФА да го купи, бил преторен во депонија. Идејата за Музеј Тесла е на стрип-уметникот Метју Инман.