Реал Мадрид резмизираше со Осасуна а Зидан беше далеку од задоволен од одлуката на делегатот на натпреварот, средбата да се игра.
Снежното невреме и замрзнатиот терен беше опасност за сите фудбалери, но и покрај ова натпреварот се одигра.
– Лошо се снајдовме на теренот, едноставно ова беше максимумот што можевме да го направиме на вакво игралиште. Не знаеме ни кога ќе можеме да се вратиме во Мадрид. Ова не беше фудбалски натпревар. Ова не беше фудбал, требаше да биде одложен дуелот, но тоа веќе е минато. Со вакви услови, не требаше да се игра фудбал, повторувам но тоа е тоа, изјави Зидан.