Славниот филмски режисер Квентин Тарантино стана татко на 56. години.
Неговата 20 години помлада сопруга, Даниел Пик, донесе на свет машко дете.
„Даниел и Квентин се среќни што можат да ви соопштат дека станаа родители. Момчето е родено на 22.02.2020“, соопшти портпаролот на Тарантино.
Бебето се роди во Тел Авив, од каде што потекнува Даниел.