Магазин 01. април 2020. / 18:15

Кумановскиот театар продолжува со онлајн-претставите, денеска ќе ја прикаже „Раскол“

Кумановскиот театар продолжува со онлајн-претставите, денеска ќе ја прикаже „Раскол“

Кумановскиот театар продолжува со претстави на интернет и за публиката денеска онлајн ќе ја прикаже претставата „Раскол“, соопшти театарот на својата официјална страница.

Претставата е работена по текст на Владимир Плавевски, во режија на Бранко Брезовац, а играат актерите Сузана Брезовац, Драгиша Димитријевски, Горан Илиќ, Љупчо Хаџи Стојанов.

„Раскол“ премиерно е изведена во септември 1998 година и, според објавата на театарот, била подготвена за рекордни 20 дена. Оваа претстава е и најдолго одржана на репертоарот, од 1998 до 2006 година, а на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп актерот Драгиша Димитријевски ја доби наградата за најдобро актерско оставрување.

Кумановскиот театар со „Раскол“, исто така, учествувал на голем број фестивали во земјава, како и во Бугарија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Аргентина.