Една од најпознатите и омилени фустани на никогаш не прежалената принцеза Дијана се наоѓа на аукција и тоа веќе по трет пат. На аукција се најде и во 1977 година, само два месеци пред да загине принцезата, а парите тогаш ги донираше во добротворни цели.
Принцезата Дијана, свечениот долг фустан го носеше во неколку наврати, но сите ја паметат од една настан во Белата куќа. Дијана тогаш го носеше долгиот фустан со отворени рамена, со бисерен ѓердан и заигра со актерот Џон Траволта, од тогаш популарниот филм „Треска насаботната вечер“.
Во Белата куќа во 1985 година се одржа свечена вечера во чест на принцот Чарлс и принцезата Дијана, а освен со Траволта, Дијана танцуваше и со Клинт Иствуд.
Омилениот фустан на принцезата Дијана пристига со потписот на починатиот дизајнер Виктор Еделштајн и ќе биде дел од „Пасија и мода“ аукцијата. Се предвидува дека ќе се продаде за цена од 250 до 350 илјади долари.