Магазин 03. мај 2019. / 17:36

Кучето на Лени Кравиц се повреди во Скопје

Кучето на Лени Кравиц се повреди во Скопје

Кучето Џоџо, двегодишниот миленик на Лени Кравиц беше на преглед на ветеринар, откако шетајќи по скопските калдрми ја повредило ногата.

Прегледот бил направен во „Ветеринарниот центар“ во Скопје, а ветеринарот кој го прегледувал вели дека кучето било „умно и послушно“.

„Џоџо беше донесен од возачот на Лени Кравиц и беа задоволни од третманот кај нас. Тој не можеше да се движи на едната нога, доби терапија против болки и насоки за тоа како да постапува понатаму“, ни изјави Дејан Киков, ветеринар во „Ветеринарниот центар“.

Џоџо не е расно куче, туку мешавина, а Кравиц го посвоил додека бил на Бахамите. Оттогаш, тој е постојан придружник на неговите турнеи и патувања.