Магазин 09. март 2021. / 10:45

Кучето на Бајден гризнало член на обезбедувањето во Белата куќа

Кучето на Бајден гризнало член на обезбедувањето во Белата куќа

Двајцата германски овчари кои им припаѓаат на американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден биле вратени во семејната куќа на Бајден во Делавер минатата недела поради агресивно однесување во Белата куќа,  изјавија два извори за Си-Ен-Ен.

Мајор, кого Бајден го посвои во ноември 2018 година од засолниште за животни, имаше еден „инцидент“ со член на безбедноста на Белата куќа, рече извор на Си-Ен-Ен.

Имено, Мајор гризнал член на обезбедувањето, а точната состојба на лицето не е позната. Сепак, се шпекулира дека состојбата е доволно сериозна бидејќи кучињата се преселени во Делавер, каде и ќе останат.

Мајор кој има три години познат е по тоа што има тенденција скока врз вработените во безбедноста на Белата куќа. Од друга страна, постариот германски овчар на Бајден има 13 години и е бавен поради неговата возраст.