Магазин 21. јуни 2020. / 20:49

Крвава прослава на титулата во Белград, од автоматска пушка стрелано во навивачите на „Црвена ѕвезда“

Крвава прослава на титулата во Белград, од автоматска пушка стрелано во навивачите на „Црвена ѕвезда“

Непосредно пред вчерашниот натпревар на Црвена звезда и Пролетер на кој „црвено-белите“ го прославија освојувањето на 31. шампионска титула имало крвава пресметка. Според РТВ БН, едно лице е повредено во Брчко на патот кон Бјелина кога од автоматска пушка било пукано на навивачи кои оделе на натпреварот во Белград. Според телевизијата на навивачите е пукано од возило во движење, а по пронајдените чаури било утврдено дека станува збор за автоматска пушка.

Наводно во возилото над кое е извршен нападот биле навивачи на Црвена звезда од Приједор кои оделе за Белград на прослава на 31. шампионска титула на нивниот тим. Според непотврдени извори, нападот е извршен со две автоматски пушки но засега нема детали кој стои зад нападот“, објави РТВ БН.