Дивна Карлеуша почина во својот стан на 61-годишна возраст.
Познатата новинарка на „Радио Белград“ некогаш беше многу позната како радио водителка, па после 33 години се повлече од новинарството.
Меѓутоа, и понатаму беше во медиумите, но како учесник во реални шоуа како „Фарма“, „ВИП Големиот Брат“, „Парови“, „Академија на дебелите“.
Запишала Правен факултет, но бидејќи млада се омажила и родитла дете, не го завршила.
На 19 години се омажила за криминалистичкиот инспектиор Драган Карлеуша, со кој во 1987 година ја добила Јелена. Дивна и Драган се развеле кога Јелена била мала, но уште неколку години живееле заедно.
Дивна се борела со тешки здравствени проблеми. Во 2016 година е примена во болница поради проблеми со дишењето и белите дробови. На доктор отишла кога почнала да искашлува крв. Оттогаш почнала нејзината борба. Пејачката и нејзината мајка не сакале ова да се дознае во јавноста, па не давале коментар на таа тема.