Магазин 10. јули 2020. / 21:08

Кралски правила кои не смее да ги прекрши ниту кралицата Елизабета

Кралски правила кои не смее да ги прекрши ниту кралицата Елизабета

Никој не е над законот, а за тоа говори и фактот дека дури и највлијателните членови во општеството не смеат да прекршат одредени правила. За разлика од другите кралски семејства покрај правните, британското кралско семејство има одредено и свои правила до кои буквално сите мора да се придржуваат.

Кралското семејство не може да гласа

Причината поради која кралското семејство нема право да гласа е токму тоа што доколку би имале право да гласаат и да покажат кој е нивниот фаворит, наскоро таа личност би можела да има многу симпатии во цела Британија.

Не смеат да играат Монопол

Принцот Ендру е првиот кој на еден јавен настан призна дека на членовите на кралското семејство не им е дозволено да ја играат оваа друштвена игра.

Нивната облека не смее да испраќа нејасни пораки

Од членовите на кралското семејство се очекува тие својот моден стил да го направат на малку пософистициран начин, со цел да бидат пример за отменост кој и другите ќе го применуваат. Поради тоа нивниот избор на облека не смее да испраќа двосмислени пораки. Нивната облека мора да биде класична, скромна, но со доза на префинетост.

Подароците мораат да ги примаат љубено

Било кој подарок кој е за членовите од кралското семејство мора да се прими на најљубезниот можен начин. Краицата е таа која прва ги прегледува подароците и потоа одредува кој подарок и кој член на семејството ќе го задржи.

Никој не смее да јаде откако кралицата ќе заврши со оброкот

Било кој кој сака да вечера со кралицата, вклучувајќи ги и членовите на семејството мораат да се придржуваат до ова правило. Ова правило вклучува дека сите на масата мора да ја имитираат кралицата, па така во случај таа да престане со јадењето, сите мора да го сторат тоа.