Новите парчиња облека дизајнирани за британската кралица Елизабета Втора нема да содржат крзно, соопшти Бекингемската палата.
Во соопштението, меѓутоа, се додава дека тоа не значи дека кралицата ќе се одрече од оние предмети од крзно кои веќе ги има.
– Кралицата ќе продолжи да ги носи парчињата кои веќе се во нејзината гардероба, стои во соопштението.
Одлуката ги израдува активистите за правата на животните, кои од време на време ја критикуваа кралицата заради крзнените парчиња во нејзината дизајнерска колекција.
– Воодушевени сме што нејзиното височество и офицјално стана лице кое не носи крзно, изјави Клер Бас, директор на Меѓународното хумано друштво за Велика Британија.