Магазин 07. февруари 2020. / 19:42

Косово можен противник на македонските ракометари

Косово можен противник на македонските ракометари

Македонската ракометна репрезентација ќе биде во вториот шешир за квалификациите за следното европско првенство што во 2022 година ќе се игра во Унгарија и Словачка.

Репрезентациите се поделени во четири шешири а пласман на ЕП ќе обезбедат по две репезентации.

 

Прв шешир: Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд
Втор шешир: Австрија, Белорусија, Португалија, Македонија, Србија, Русија, Ц. Гора и Холандија
Трет шешир: Швајцарија, Литванија, Романија, БиХ, Украина, Летонија, Полска и Белгија
Четврти шешир: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово и Ф. Острови