Магазин 18. февруари 2021. / 12:16

Кошаркарите утре за првпат ќе играат со дресови на кои пишува „Северна“

Кошаркарите утре за првпат ќе играат со дресови на кои пишува „Северна“

Македонската кошаркарска репрезентација, утре во 15:30 часот против Италија, ќе го почне настапот на квалификацискиот турнир во Перм за пласман на ЕП 2022, меч кој дефинитивно ќе влезе во историјата бидејќи сениорската национална селекција за првпат ќе настапи со дресови на кои ќе го пишува новото име на државата.

Досега, најдобриот државен кошаркарски тим настапуваше со знаме на дресот, како своевиден компромис за да не стои непопуларниот акроним на нашата држава – ФИРОМ. Тоа беше пракса која Македонија ја користеше повеќе од две децении, од моментот кога Грција стави вето на нашето играње под тогашното уставно име, кое беше испишано на дресовите во првите години по осамостојувањето.