Еден кошаркар на Реал Мадрид бил позитивен на тест за корона вирусот. Поради тоа, сите членови на кошаркарската и фудбалската секција го напуштиле тренинг центарот на клубот.
Реал Мадрид информира дека еден од членовите на нашата кошаркарска екипа беше позитивен на корона вирус по извршените медицински тестови. Од тој момент стапува на сила препораката за останување во карантин за целата кошаркарска екипа, но исто така и на фудбалската, затоа двата тима ги делат инсталациите на нашиот спортски центар. Истовремено, тренинг центарот ќе биде целосно затворен и им се препорачува на сите вработените во клубот да останат во карантин. Натпреварите што беа закажани за денеска и за утре, од Евролигата во кошарка и првенството во фудбал, нема да се играат – се наведува во соопштението на клубот.
Како што пишува шпанскиот спортски дневен весник, „Ас“, кошаркарот заразен со корона вирусот е Американецот Треј Томкинс, кому не му било добро од натпреварот одигран минатата недела против Сарагоса. Како што пишува „Ас“, позитивен на корона вирусот е и еден од членовите на стручниот штаб на тимот.
Реал Мадрид, во Евролигашки дуел, минатата недела пред празни трибини играше во Милано против Армани и покрај негодувањето на кошаркарите поради ризикот од корона вирусот.