Британските научници денеска во списанието „Мозок“ (Brain) објавија студија за компликациите забележани кај повеќе од 40 пациети заболени од Ковид-19 во Велика Британија, што варира од запаление на мозокот и делириум до оштетување на нервите и мозочен удар,
Тие тврдат дека во некои случаи неуролошките проблеми биле прв и главен симптом ма новиот коронавирус.
Авторите на студијата открија и пораст на акутниот демијалинизарички енецефаломијелитис (АДЕМ), болест опасна по живот, по првиот бран од пандемијата што ја зафати Велика Британија. Пред пандемијата, во рок од еден месец беше забележан еден таков случај, додека во април и мај, на неделно ниво беа регистрирани два до три заболени од АДЕМ.