Магазин 05. јануари 2021. / 08:57

Коронавирус во Барселона, дербито со Билбао пред откажување?

Коронавирус во Барселона, дербито со Билбао пред откажување?

Раководството на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, на официјалната веб-страница објави дека двајца претставници на првиот тим добиле позитивни тестови за коронавирус.

– Клубот ги извести релевантните власти и целиот тим ќе биде подложен на понатамошно тестирање во вторник наутро, стои во информацијата на Каталонците.

Тренингот закажан за денес претпладне е одложен. Новиот тајминг ќе биде објавен подоцна.

Барселона за утревечер треба да гостува кај Атлетик Билбао во натпревар од шпанската Ла Лига.