Магазин 07. мај 2020. / 16:05

Корона вирусот ги зголемил цените на наркотиците на светско ниво

Корона вирусот ги зголемил цените на наркотиците на светско ниво

Поради ограничувачките мерки за спречување на пандемијата од корона вирусот, скокна цената на наркотиците на светско ниво. Ова се вели во извештајот на Службата на ООН за контрола на наркотиците и криминалот.

На цената на наркотиците директно влијаат затворените граници и нивната зголемена контрола, ограничувањето на движењето на луѓето и откажаните авионски летови на светско ниво.

Пандемијата има мешан ефект врз производството на наркотици во различни региони и на нивниот транспорт по копно, воздух и вода, но тенденциите се идентични во различни држави и региони во светот.

Поради зголемувањето на цените и падот на чистотата на наркотичните средства многу од луѓето, кои ги користеле, ги менуваат супстанците и, на пример, од хероин преминуваат на синтетички дроги или, пак, бараат лекување.

Засега не е засегнато само производството на канабис, што се произведува во реони каде што и се пласира.