Магазин 01. ноември 2020. / 13:30

Користете ја внимателно: Тиндер има нова опција

Користете ја внимателно: Тиндер има нова опција

Ако користите Tinder, новата опција ќе ве направи среќни. Ова се видео повици, а во рамките на апликацијата ќе се вика Лице в лице.
Првично, во јули, оваа одлика беше во тест фаза. Корисниците имаа можност да го испробаат во неколку земји, но уште тогаш Тиндер објави дека ќе биде достапен за сите корисници.

Се разбира, приватноста ќе биде заштитена, така што апликацијата ќе побара ваша дозвола пред да започне видео повикот и може да биде малку незгодно што другата личност нема да знае дека сте го активирале видеото, сè додека тој сам не го стори тоа.

Секако, за време на видео разговор, мора да се следат правилата на Тиндер – без голотија, сексуална содржина, говор на омраза и слично. Екранот ќе биде поделен на два дела, така што вашето лице ќе се појави горе и лицето на соговорникот подолу, пренесува Daily Mail.

Исто така, Тиндер ве советува да не брзате со видео повици. Секогаш прво добро запознајте го соговорникот, или барем најдобро што е можно, и само тогаш започнете со овој вид комуникација.