Магазин 22. март 2020. / 22:36

Комбинација на лек против маларија и антибиотик ефикасна во лечењето на корона вирусот?

Комбинација на лек против маларија и антибиотик ефикасна во лечењето на корона вирусот?

Кинеските и француските доктори тврдат дека комбинација од хидроксихлорохи, со кој се лечат заболените од маларија и антибиотикот азитромицин, кој се користи за лекување на дишните патишта и меките ткива може во 100 проценти од случаевите да ги излечи луѓето заболени од корона вирусот.

Оваа информација одекна како бомба на целата планета.

Професорот Др. Миодраг Стојковиќ, генетичар кој моментално работи на Харвард, на твитер напиша:

– После кинеските и научниците од Франција тврдат дека лекот против маларијаhydroxychloroquine кај 70 проценти од пациентите заболени од ковид-19 доведува до излекување-после шест дена терапија, а кај пациентите кои дополнително се третираат и со антибиотикот azithromycin успешноста е 100 проценти, напиша Стојковиќ.

За лекот хидроксихлорохин, кој Трамп го прогласи за моќен во лечењето на корона вирусот, стигнуваат предупредувања од Кина дека во поголема доза може да убие човек, објави Блумберг.

Францускиот и светскиот инфектолог од универзитетот во Марсеј, проф Дидје Раул истакна дека неговите испитувања покажале дека лекот хлорохин се покажал делотворен во лечењето на вирусот. Тој навел дека клиничкото испитување на лекот “плаквенил“, кој е главна состојка на хлорохинот, покажал дека од 24 луѓе заразени со вирусот кои го користеле лекот 18 сосема се излечиле.

Францускиот министер за здравство истовремено соопшти дека одобрува “клинички испитувања за лекот пред политичките власти да донесат одлука за одобрување на истиот во лечењето на инфекцијата“.

И американската агенција за храна и лекови, започна со испитување на влијанието на хидроксихлорохинот во лечењето на кора вирусот.

Антибиотикот азитромицин се употребува за лечење на крајниците, синусите, хроничен бронхитис, воспаление на белите дробови.

Mинистерот за здравство Венко Филипче рече дека во светот веќе има студии кои што укажуваат на тоа дека оваа комбинација на лекови дава соодветен ефект и најави набавка на истиот.