Американскиот лекар Брајан Сафолето направи еден експеримент. Проучувал 22 возрасни на возраст меѓу 21 и 43 години, давајќи им доволно алкохол во текот на денот за да имаат 0,2 проценти концентрација на алкохол во здивот.
Здивот на волонтерите се проверувал секој час, а исто така волонтерите морале да одат по десет чекори напред и назад без да се сопнуваат.
Во таа прилика, испитаниците носеле телефони прикачени на долниот дел на грбот, а Сафолето снимил податоци за брзината на движењето и нивните движења. Во приближно 90% од случаите, успешно се забележани промени во движењето кај луѓе под дејство на алкохол.
Откритието би значело дека телефоните со соодветна апликација би можеле да откријат дали некоја личност пиела повеќе алкохол отколку што е потребно, и да ја предупредат да не седне зад воланот во тој случај, пишува Си-Ен-Ен.
Самиот Брајан Сафолето изгубил пријател во сообраќајна несреќа, па во последните десет години интензивно проучувал како дигиталните технологии можат да спречат возење во пијана состојба.
Резултатите од неговото истражување беа објавени , а во моментов тие се само на ниво на идеи, но претставуваат одлична основа за идно истражување.